Friday, June 3, 2011
Билјанини извори
За бистрата вода на Билјанините извори, народот пропеал многу песни, но само една легенда, прераскажувана до ден денешен која се поврзува и со настанувањето на охридскиот чун. Имено, некогаш во дворецот под езерото кај Студенчишта, живеела вилата Езерка, ќерка на дедо Караорман. Вилата Езерка царувала над езерото и постојано им пречела на рибарите, превртувајќи ги нивните чамци а уловената риба ја враќала во езерото. Таа била многу завидлива и еден ден ја грабнала убавата мома Билјана, внука на дедо Чун. Ја однела во својот дворец за да си поигрува со неа. Убавата Билјана цела ноќ плачела од тага и нејзините солзи се претвориле во извори, кои понатаму биле наречени Билјанини извори. Дедо Чун за да ја победи вилата Езерка направил голем чамец. Од една страна веслале 6-7 луѓе, а само еден крмел. Вилата Езерка не можела да го преврти овој голем чамец и со него дедо Чун ја спасил убавата Билјана. Така, по дедо Чун големиот чамец го нарекле чун кој по својата лика е единствен на светот.
Thursday, June 2, 2011
Пелистер
Пелистер е името на највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2601 метар надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Република Македонија. Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градотБитола. Според планинскиот врв Пелистер, е именуван и најстариот национален парк воМакедонија кој го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина.
Дојран
На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал мира. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.
Охрид
Се прераскажува дека градот го добил името "Охрид" кога самуиловите воини враќајќи се од една тешка битка, изморени и истоштени, качувајќи се по ридот (на кој е денешен стар Охрид) извикувале "Ох, риде; ох, риде". Со поврзување на овие два збора настанало името Охрид.
Мариово
За потеклото на името Мариово постојат повеќе легенди. Едната од нив вели дека тоа го добило името по убавата Марија која, по долги натегања, заминала во харемот на турскиот бег и се жртвувала за да го спаси целиот крај од потурчување.
Subscribe to:
Posts (Atom)